Радио Милева и кажала „не“

Пејачката одбила да гостува во „Цеца шоу“, децидна и без заобиколување

Пејачката одбила да гостува во „Цеца шоу“, децидна и без заобиколување

Пејачката Стојанка Новаковиќ Стоја откри дека ја одбила поканата на нејзината колешка  Цеца Ражнатовиќ да биде гостинка во нејзината емисија.

Цеца е во центарот на вниманието овие денови поради обвинувањата на бројни колеги дека им ги украла песните, па новинарите дополнително се интересираа за односите во емисијата – особено зошто Стоја во еден момент одлучи да ѝ каже „не“ на фолк пејачката.

– Не ги сакам телевизиските емисии и не сакам да ме снимаат. Ѝ објаснив на Цецa дека сум се повлекла од медиумите и дека ова ми одговара совршено – рече пејачката.

Стоја откри и зошто се повлекла од малите екрани, иако настапува низ цела Европа секој викенд.

– Нема посебна причина, едноставно е подобро вака – заклучи таа.

фото:Instagram printscreen/cecaraznatovic

To top