Радио Милева пијан или “напален“...?

Пејачката и бивша ријалити учесничка Сандра Решиќ нападната: По настапот „обожавател“ побарал да се фотографира, па пробал да ја напаствува (ФОТО)

Пејачката и бивша ријалити учесничка Сандра Решиќ нападната: По настапот „обожавател“ побарал да се фотографира, па пробал да ја напаствува (ФОТО)

Пејачката и поранешна учесничка на реалното шоу на „Задруга“, Сандра Решиќ се обидел да ја нападне „обожавател“ кој прво од неа побарал заедничка фотографија. Според извор од местото на настанот, таа учтиво се согласила, а потоа тој почнал да ја допира по здницата и ја повлекол кон себе.

„Сандра настапи професионално, а на крајот доби бројни подароци и пораки од обожавателите на што многу се израдува. На крајот позираше со фановите, но имаше обид да ја малтретираат во еден момент. Таа беше буквално напаствувана, откако претходно го испочитува фотографирањето“ – рекол извор за еден портал и додал:

„Почна да ја допира по задникот и да ја влече кон себе, да и искажува љубов, што целосно ја шокираше Сандра, но и ја разбесни. Таа во еден момент почна да го турка од себе, па обезбедувањето од клубот мораше да реагира. Во тој момент настана општ хаос, но Сандра сепак реши да не го пријавува случајот во полиција“.

По повод овој инцидент се огласи и пејачката: „Што да кажам… Вистина е дека имаше обид да ме напаствуваат на мојот настап пред неколку недели. Мислев дека нема да стигне до медиумите…

Имам многу искрен и убав однос со моите обожаватели, па ова навистина ме потресе. Не очекував дека може да се случи таков инцидент. Во моментот не знаев што ме снајде. И мене ме изненади мојата реакција. Добив неверојатна сила, го оттурнав и момчето падна на подот… Обезбедувањето го изнесе. Ништо не пријавив во полиција и се надевам дека нема да се случат повеќе слични ситуации“ – искрено се надева Сандра.

 

Фото: Инстаграм/sandra_resi

To top