Пејачката Нина Бадриќ (52) минатата година прослави 30 години од својата кариера, а сега за хрватските медиуми се потсети на своите почетоци.
Нина денес се смета за една од најпознатите хрватски пејачки, а сега откри каков бил нејзиниот прв професионален настап.

– Добро се сеќавам на тоа, во Омишаљ на Крк, каде на настапот бевме келнероти јас – рече пејачката, додавајќи дека не ѝ било платено бидејќи, како што вели, газдата ѝ рекол дека никој не дошол и дека нема за што да се плати.
– Реков нема проблем, никој и онака не ме познава, но за неколку години ќе чуете која сум – додаде таа.

– Завршија тие времиња кога се справував со минатото и погрешните одлуки. Сега само гледам кон утрешниот ден и се справувам со она што го живеам. Секако дека направив грешки што ме чинеа, но жалењето за нив е потрошено време. Ќе го направам тоа попаметно следниот пат! – изјавила неодамна Нина.
Немам стравови. Од ништо и од никого. Работам многу на себе и сфатив дека нашите стравови се имагинарни работи. Она што треба да се случи, ќе се случи. Човек не треба премногу да се грижи за нешто што допрва треба да се случи. Всушност, лажам… Се плашам од змии и не сакам да ги среќавам дури ни на две нозе, а камоли оние што лазат (смеа) – додала тогаш таа.
фото: printscreen/instаgram





