Александра Трајческа , младата талентирана пејачка беше една од оние кои блеснаа на минатогодишниот Макфест 2023 и ја оставија публиката без зборови… И сво својот божествен вокал, ангелски изглед, ненаметлив, а толку впечатлив имиџ, зрело сценско однесување, сигурен настап… Едноставно црвенокосата прилепчанка беше и онаа – убавата, оргиналната, талентираната, емотивната… речиси совршената на сцената на домот на културата во Штип.
Летото младата пејачка го мина спојувајќи го убавото со корисното.
View this post on Instagram
Уживањето со работата, настапувајќи со бенд и тоа не дома во Македонија, туку ширум Европа. Италија, Шпанија, Франција…
View this post on Instagram
Патем, сето тоа зачинето со многу љубов. И кон музиката и кон момчето, во кого очигледно „до уши вљубена“ пејачката е неразделна.
Можеби токму и затоа изборот на Александра да се направи неодамнешната преработка, како своевиден кавер на незборавниот македонски евергрин „Еден бакнеж“ на легендарната Нина Спирова, која младата пејачка ја испеа во свој стил, во сопствена интерпретација со личен печат и експресија која само таа може да ги пруужи остави во песна каква што е избраната.
Есента пак е совршено годишно доба за љубов и романтика… Кога природата се подготвува за долг зимски сон, а врнежливото време каком увертира и дава романтичен шмек на љубовта што ја споделувате.
Младата пејачка викендот го мина во македонската престолнина, поточно на прошетка по нејазината околина. Прилепчанката со своето момче за рака тргна на прошетка по Скопска Црна Гора, но времеето во октомври променливо, па наеднаш зароси и им заврна! Но тоа вљубената пејачка не ја спречи, ниту зафркна за да не си го оствари она што го наумила.
Скопска Црна Гора има прекрасни места, а една од оние локации кои довитливите и шеговити, но мошне вредни мештани на селата Глуво и Бразда ја осмислиле е местото кое самите го нарекуваат „Глувовуд“. Висорамнина со преубав панорамски поглед на Скопје, која по холивудскиот терк, го добила и имито, кое патем како и самиот Холивуд, е испишано со големи подигнати букви, за да се гкледаат оддалеку. Како и големиот железен крст и развиореното алово знаме со 16-кракото сонце од Кутлеш! Да се знае кај е „Глувовуд“! Место кое младата пејачка и нејзиното момче токму сега го дознаа и открија…
„Си врне… важно ние си откривме ново местенце“ – споделила вљубената црвенокоса, понесена од романтичната планинска идила.
Големото дрво на отворено можеби и не е најумното скривалиште кога грми, но ако на небото не севаат молњи туку само роси, клупата и масичката се идеални за есенска романтика.
Влажна, дождлива, зачинета со „Еден бакнеж – желби рој“ или рој бакнежи и безброј сни, исполнети со возбудливи љубовни воздишки… знаат само двајцата вљубени. Убавата црвенокоса пејачка Александра Трајческа и нејзината посилна половина.
Пред да го откријата новото местенце пред дождот беа двајца, а по него…?
View this post on Instagram
Фото: Фејсбук и Инстаграм/Aleksandra Trajceska /alexcheska