Групата „Парусион“ на македонскиот тапанар и перкусионист Михаил Парушев ја издаде новата песна со наслов „Чиста љубов“ (Pure Love), на која како вокал гостува Катја Корен, пејачка од Словенија која живее во САД.
Музиката и арнажманот на песната ги потпишува Парушев, а Корен го напиша текстот. Во песната, покрај нив свират и познати македонски музичари – Зоран Костадиновски на гитара, Дамир Имери на клавијатури, Иван Бејков на бас гитара, а Парушев свири тапани.
Парушев вели дека Катја Корен ѝ дала свој карактеристичен печат на песната, а својот вокален дел го снимила во Лос Анџелес.
– Ова е стара песна која ја има на нашиот албум „Агол“ од 2022 и тогаш се викаше ‘Барање’ (Searching). Сега е со нов текст и со нов аранжман. Песната е љубовна и на сите многу ни се допаѓа. Наскоро ќе се снимиме и македонска и српско-хрватска верзија -вели Парушев.
„Ја имам таа чест да ја презентирам мојата соработка со Катја Корен и пријателите Tempo production кои се мои официјални музички презентери.
Parussion group feat Katja Koren vocals
Зоран Костадиновски гитара
Дамир Имери пијано
Иван Бејков бас
Михаил Парушев бубањ
Ивица Јанкуловски микс и постпродукција“, напиша Михаел Парушев на својот ФБ профил.
Проследете ја нивната „Чиста љубов“ од видеото во продолжение…