Радио Милева светло на крајот од тунелот

Панчо – ДНК со победничко македонско оро пред „чочек тунелот“ им го предвиде потопот на оние што чочекот го играа во истиот тунел што други им го изградија (ВИДЕО)

Панчо – ДНК со победничко македонско оро пред „чочек тунелот“ им го предвиде потопот на оние што чочекот го играа во истиот тунел што други им го изградија (ВИДЕО)

Се сеќавате ли на „свадбарскаото“ отворање на новиот автопат Демир Капија – Смоквица, по кое реакциите со недели не стивнуваа? Селската циркузијада тогаш ги зовре социјалните мрежи каде луѓето, познати и непознати, уште веднаш почнаа да си прават мајтапи на сметка „блех гламурот и „чочек амбиентот“ кој  сега веќе бившата СДС-мовска власт ни го приреди, покажувајќи како изгледа да се китиш со туѓо перје… Ама и тоа пустото, без стил… пазарски!

Башка што покажаа дека за работа не се баш кадарни, ама затоа за џумбуш тогаш беа први! Сега – мукла… Штама! За малтер мешање и асфалт редење седум години покажаа дека не се, ама за мешање чочек, тогаш уште не седнати на столчето, испадна дека ептен ги бива! Тогашниот градоначалникот на македонската престолнина, кој ионака е познат бекрија, прати и автобус на два ката за да ги вози нивните сваќи и сватови, а сваќите пак, главни на орото. Играат, пејат, се кршат, мешаат…

 

Стројни моми до две ора вијат… од „Невестинско“ до „Пајтушко“!  На „свадбата во тунелот“ на „невестата – делница“,  труби се слушаа од Демир Капија до Смоквица!

Од бившите сватови што ја создадоа, изградија и пораснаа „невестата – делница“, тогаш никого не поканија! Да не им ја украдат славата! Зашто на туѓа слава – најдобро се живее! Ама само еднаш… И очигледно, не вечно!

Дека е тоа така во предизборието сите знаевме, единствено тие и по некој од нивните си гаеја лажни надежи. „Изборниот Титаник“ што го доживејаа им ги удави и надежите и комотниот живот на туѓ грб, а потопот прв им го најави Панчо од ДНК со симпатично, шеговито, ама болно вистинито музичко видео. И то токму од пред „нивниот чочек тунел“.

Имено, Владимир Блажев како што му евситинското име и презиме со  победничко македонско оро пред „ чочек тунелот“ им го предвиде потопот на оние што чочекот го играа во истиот тунел што некои други им го изградија!

„Ми фалат времињата кога на ваков ‘свечен’ начин пуштаа во употреба тунели и чешмички во 2018“ – порача познатиот музичар и ДЈ на своите Инстаграм приказни. Му фалат, ама не колку на пуштачите. Ним од денес многу повеќе ќе им фалат тие времиња…! Зашто вчера на крајот на тунелот – блесна сончево светло!

Фото: Инстаграм/djshortypofficial/ YouTube принтскрин

To top