Мегафон адут за висок пласман па и победа?

Пајак и Лара со „Bella“ ќе ја претставуваат Македонија на „Џојвижн“

Пајак и Лара со „Bella“ ќе ја претставуваат Македонија на „Џојвижн“

Христијан Настески – Пајак и Лара Иванова ќе ја претставуваат Македонија со дуетската песна „Bella“ на виртуелниот глобален избор „Џојвижн“. Песната, која го привлече вниманието на публиката со својата емотивност и енергичен ритам, е комплетно дело на Пајак, кој ги потпишува текстот и музиката, додека аранжманот е дело на искусниот Иван Јованов-Ивајо.

„Џојвижн“, кој ќе се одржи на 21, 23 и 25 јануари 2025 година, ќе донесе многу возбудување и конкуренција. Гласањето за полуфиналето ќе се одвива во две фази: првото полуфинале ќе биде отворено за гласање од 17 до 19 јануари, додека второто полуфинале од 19 до 21 јануари. Гласањето за финалето ќе биде достапно од 23 јануари до пладне на 25 јануари.

Песната „Bella“, која првпат беше изведена на „Макфест“, во јануари 2023 година постигна огромен успех со 10 милиони прегледи на YouTube за само три месеци. Со ова, дуетот на Пајак и Лара ја освои публиката и постави нови стандарди на македонската музичка сцена.

To top