На големо задоволство на сите љубители на македонската поп сцена, периодот сведоци сме на еден голем бран на хитови кои котираат високо на трендинг листите и имаме
чувство како полека да се враќа се она што и недостасуваше на македонската сцена. По нешто повеќе од 10 години пауза, на сцената се враќа и Елвир Мекиќ – популарниот
хитмејкер од 2000-ти години и тоа со заедничка соработка со младиот и популарен пејач и автор Пајак.
Судејќи според реакциите од тизер-рефренот на нивната нова песна со наслов „Негде после два“, несомнено ќе имаме уште еден хит. Елвир беше еден од најпопуларните пејачи кај нас и потсетува на едно убаво време пред 17 години, времето на најголемата експанзија на македонската поп- музика. И новата песна која е со модерен звук го има стариот вајб со примеси на ретро РНБ 2000-ти.
„Мислам дека направивме добар спој со кој ќе ја опфатиме постарата публика, а Пајак ја има помладата публика. Логично е оние деца кој имаат 15 години да не ме познаваат“
– Изјави Елвир.
Автор на музиката е Пајак, текстот е на Елвир Мекиќ, но интересно е тоа што текстот на песната е напишан од насловите од најголемите хитови на Елвир како: „Некаде после
два“, „Армиија“, „Ич не ме боли“, „Слаба точка“ и др.. Аранжманот миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.
Спотот е во режија на Гордан Божиновски – Урбан Рекордс продукција. Се снимаше на две локации, во Дајмонд мол, Гурман стрит и Лимак Хотел. Во спотот се појавуваат
нашиот познат манекен и фитнес модел Драган Стојчевски и моделот Евгенија Петрушевска.
Елвир со сопругата и синот живее и работи во Сараево, Босна и Херцеговина, но со Македонија освен блиските и пријателите го поврзуваат и работни ангажмани, па така
периодот што претстои планира да се посвети и на музичката кариера.
Во продолжение погледнете го спотот за песната „Негде после два“.кој се промовираше на Јутуб каналот на Урбан Рекордс и веќе е на трендинг листата.