Оние кои одблизу ги следат модата и модните трендови уште претходно ја познаваа младата македонска манекенка и модел Елена Ѓорговска. Пошироката јавност ја запозна по онаа нејзина „несреќна изјава“ за која подоцна половина држава тргна да ја исмева, кога на забавата насловена „Bye, bye summer party“ во организација на издавачот на најпознатиот лајфстајл печатен магазин во Македонија, „Убавина и здравје“!, екс пејачот, сега водител Марио Арангеловски меѓу останатите и неа ја праша: „Колку чини твојот аутфит?“, а русокосата убавица почна да се расфрла со бројки во илјадници евра од кои „боли глава“. Тогаш многумина се прашаа можна ли е таква светска заработка и слава од моделинг или девојката само сакаше да си направи добар маркетинг?
View this post on Instagram
Што и да беше, откако еуфоријата стивна како и секое „чудо за три дена“, работите си продолжија по нормален тек за сите, па и за Елена Ѓорговска, која деновиве одново „крена прашина“ со една своја Инстаграм објава.

Имено, манекенката сега сподели фотографија која е многу поскокотлива, само што овој пат Елена Ѓоговска и да сакате не можете да ја прашате колку чини нејзиниот аутфит… Манекенката може да ви каже само колку чини нешто друго… Хонорарот за топлес или „пиштол голото“ позирање, на пример?!

Како и да е, фотографиите од еротската фотосесија на Елена Ѓорговска се доволно возбудли да не ни бараат босебни прашања и одговори. Возбудата при перцепцијата на естетската голотија на манекенката самата по себе говори, така што не се потребни дополнителни зборови!

До душа на Елена не и е прв пат да се соблече пред фотообјективот, што може да се забалежи и од некои нејзини претходно споделени фотографии на социјалните мрежи, кои го надополнуваат и комплетираат нејзиното моделинг портфолио.
View this post on Instagram
Конечно, ако веќе некој сака да се занимава со вредноста на нејзината гардероба, може да ја праша што сака, освен едно во поедина прилика, кога манекенката не би имала одговор за тоа колку и чини долната облека?!
View this post on Instagram
Зашто под некои нејзини свечени фустани, таа и самата фактички смета дека не оди да се носат гаќички?! Модна егзибизија или само тоа така изгледа, како чиста фикција?
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/elenagjorgovska




