Радио Милева не бил вистинскиот

Овој милионер е екс-сопругот на Нина Бадриќ: Се разведоа по 12 години брак, а тој се скраси порај оваа убавица (фото)

Овој милионер е екс-сопругот на Нина Бадриќ: Се разведоа по 12 години брак, а тој се скраси порај оваа убавица (фото)

Пејачката Нина Бадриќ долго време не споделува со јавноста детали од својот емотивен статус.

Приватниот живот Бадриќ го задржува за себе, а единствената врска за која јавноста знаеше беше со бизнисменот Бернард Красниќ, која заврши со брак.

Пејачката беше во брак со него 12 години, а тој ја запроси во 2003 година во Дубровник. Двајцата се заколнаа на вечна љубов пред 180 гости.

Бракот не издржа и двајцата се разделија, но Нина за тоа никогаш јавно не проговори. Својата интимност ја задржала за себе, додека поранешниот сопруг на Нина Бадриќ набрзо повторно се оженил.

Денеска е во среќен брак со убавата Латица Иванишевиќ, со која има две деца.

– Верувам во средба на две лица, во средба на сродни духови. Морам да признаам дека никогаш досега не сум го доживеала тоа, ниту една средба што би ме променила, би знаела дека ова е она. Нешто што би било конечно за мене, што само значи дека ќе го доживеам. Со нетрпение го чекам и на седумдесет – изјави еднаш Нина за домашните медиуми.

Таа еднаш истакна дека не се задржува на минатото и само гледа напред.

– Оние времиња кога се занимавав со минатото и погрешните одлуки завршија. Сега гледам само кон утре и се занимавам со она што го живеам. Секако дека направив грешки кои ме чинеа, но жалењето за нив е потрошено време. Следниот пат ќе бидам попаметна! –  кажа пејачката еднаш.

– Немам стравови. Од ништо и никого. Работам многу на себе и сфатив дека нашите стравови се имагинарни. Она што треба да се случи ќе се случи. Човек не треба премногу да се грижи за нешто што допрва треба да се случи. „Всушност, лажам… се плашам од змии и не сакам да ги среќавам на две нозе, а камоли оние што лазат“, додаде тогаш таа за „Блиц“.

фото:Instagram printscreen/badrich/ Facebook/ Bernard Krasnic

To top