Радио Милева „Kако изгледаше како дете“?...

Овие познати Македонки покажаа спомен фотографии од детството, а колку се измениле – проценете самите (фото)

Овие познати Македонки покажаа спомен фотографии од детството, а колку се измениле – проценете самите (фото)

Во денешно време лесно е да експериментираме со личниот изглед  како и колку сакаме.

Но, сепак најискрени фотографии се оние од детството.

Затоа, со таква цел  социјалната мрежа Инстаграм често подготвува игри и предизвици за забава, а нашите познати Македонки не останаа имуни на тоа.

Колку се измениле покажаа и тие самите откако решија да го прифатат  предизвикот кој кружи на социјалната мрежата: „Kако изгледаше како дете“?

Прва фотографија од детството сподели  познатата инфлуенсерка и водителка Миа Костова.

Таа е редовна на мрежата  за која низ Инстаграм прашања еднаш изјави дека и претставува задоволство.

Мобилниот од рака не го испушта ниту Кристина Димитри која сњ уште е актуелна со  последната песна со  храбар наслов… „Ми го е*а денот“!

Неодамна на нејзиното кратко „стори“ се појави фотографија со која покажа како изгледала во нејзиното детство.

Интересот за предизвикот продолжи да расте па се охрабри и новинарката и водителка Анастасија Деа Илиевска.

Таа пред нејзините следбеници објавува од нејзиниот приватен живот и активностите кои ги има со нејзините две мали дечиња, но сега   откри како изгледала и  таа како мала.

Би ги препознале ли на нивните  детски фотографии овие опознати Македонки да не знаете за кого се работи,  дали и колку се промениле оттогаш до денес, ви оставаме сами да процените.

Фото: Инстаграм

To top