Живот и стил

Оваа техника го намалува стресот! За само неколку минути ќе ги смири умот и телото (видео)

Оваа техника го намалува стресот! За само неколку минути ќе ги смири умот и телото (видео)

Ако сте дел од оние луѓе кои едноставно не можат да се справат со јога вежбите, уште помалку да ги практикуваат вежбите за дишење, треба да имате на ум една работа – истражувачите откриле дека оние кои ја практикуваат оваа вежба го намалуваат стресот дури за 44%.

Вежбите за дишење, познати како Sudarshan Kriya јога претставуваат специфична колекција на техники за дишење кои ја намалуваат анксиозноста дури за 44% во текот на 6 месеци.

 

Постои една кратка вежба која го има истиот ефект, а потребни ви се само 5 минути за да ја примените.

 

Што треба да направите?

 

Притиснете и затворете ја десната ноздрва со палецот. Вдишете и издишете со левата ноздрва, а потоа со показалецот притиснете ја левата ноздрва и вдишете и издишете преку десната ноздрва.

 

Со наизменично притискање на десната и левата ноздрва, повторувајте ја вежбата цели 5 минути.

 

Ако ја практикувате оваа вежба секојдневно, ќе се чувствувате подобро.

 

Ако сакате да одите ниво погоре, погледнете го ова видео:

Извор: Попара

To top