На свадбата на манекенката Данијела Димитровска присуствуваше и нејзината сестра Ивана Димитровска Јевтиќ, која вообичаено не се појавува во јавноста. Водителката и манекенка Данијела Димитровска во тајност му го кажа судбоносното „да“ на својот партнер Јеврем Косниќ, а на церемонијата присуствуваа само нивните најблиски членови на семејството.

Спомени од свадбата на Инстаграм сподели и сестрата на Данијела, Ивана Димитровска Јевтиќ со натпис: „Благословени и среќни засекогаш. Данијела и Јеврем, 27.01.2026 година“.

Даниела и Јеврем се заколнале на вечна љубов пред Бога, и како што дознаваме, следната година двојката ќе има голема свадба на која ќе присуствуваат голем број нивни пријатели, соработници и членови на поширокото семејство.

Патем, Даниела на свадбата носеше креација од 1.300 евра од Викторија Бекам.
Instagram printscreen/danijeladimitrovska





