Љубов и секс

Ова се најчестите причини зошто жените наоѓаат љубовници

Ова се најчестите причини зошто жените наоѓаат љубовници

Неверството во врска или брак е секогаш актуелна тема. Од 1990 година, бројот на мажени жени кои признале дека ги изневериле партнерите се зголемил за 40 %, вели Естер Перел, истражувач и психоаналитичар.

Во меѓувреме, бројот на оженети мажи кои пријавиле неверство е главно непроменет, пишува „Хафпост“. Тоа го поткрепува и анкетата спроведена од „Ју Гов“ во 2015 година, која покажува дека и мажите и жените речиси подеднакво изневеруваат.

Во спроведеното истражување, жените отворено зборувале за причините поради кои се впуштиле во афера. Некои од нив се покајале и сметаат дека тоа искуство им помогнало да го зајакнат бракот.

Неверството не ги повредува сите

– Порано мислев дека луѓето кои изневеруваат се ужасни, а сега тоа го правам и јас. Мојот живот е одличен, мојот долгогодишен партнер и трите деца ме обожаваат, а исто и јас нив. Проблемот е што не сум многу среќна и сакам да се дружам и забавувам со други луѓе, бидејќи се чувствувам „заробено“. Разговарав со него за тоа, но тој не сака да заминам и тоа ме убива. Еден ден сфатив дека мојата желба за промена нема да исчезне и решив да се впуштам во афера. Влегов во паралелна врска со двајца мажи, но не дојде до интимни односи, што не значи дека нема да има. Воопшто не се чувствувам виновно, дури и подобро ми е. Сфатив дека моето неверство никому нема да наштети доколку е тоа само моја тајна, нели? – вели една жена која верува дека неверството никому не штети ако остане тајна.

Сакав да ја видам неговата реакција

-Го изневерив моето момче со кое бев четири години кога сфатив дека врската е при крај. Тоа беше последен обид да видам како ќе изреагира и дали тоа го засега. Излезе дека не му е грижа. Негирав многу работи во врска со нашата разделба и се плашев повторно да бидам сама. Мислам дека сакав себеси да си докажам дека сè уште можам да се забавувам и дека постојат мажи што би посакале врска со мене. Меѓутоа, сфатив дека тоа не е добар начин да провериш дали некому му значиш, сепак тоа остава некаква трага кај изневерената личност, колку и да ѝ е сеедно – вели една жена која го изневерила партнерот за да види дали тоа ќе го погоди.

Се чувствував слободно

– Партнерот го изневерив зашто сакав да се чувствувам пожелно. Бевме во врска долго време пред бракот, и сè се вртеше околу него, а јас секогаш бев во сенка. Кога отидов на одмор со еден од моите пријатели, го искористив моментот и им се препуштив на страстите бидејќи тој ме гледаше како живо суштество, а не како нечија сенка. Знам дека е себично, но се чувствував толку слободно што не размислував за последиците. Ова искуство ми покажа дека проблемот не е во мојот партнер, туку во мене и тоа ја зацврсти нашата врска – вели жената која по неверството сфатила дека проблемот е во неа.

Мислев дека раскинавме

– Пред неколку години го изневерив мојот тогашен партнер. Имавме проблеми некое време, и една вечер, додека бев на забава со моите колеги, имавме голема кавга. Мислев дека раскинавме и се напив уште една пијачка. Се појави мојот шеф со кого флертував со месеци и атмосферата си го направи своето – завршив во неговиот кревет. Следниот ден, се јави мојот дечко ми и ми рече дека му е жал и дека сака напорно да работи на нашата врска. Му се вратив, бевме заедно околу една година, а потоа се разделивме. Никогаш не му го признав неверството – вели четвртата жена.

Јас сакам интимност, а тој не

– По 16 години брак го изневерив сопругот. Тој е совршен во секој поглед, имаме две деца и за јавноста важиме за хармоничен пар, но немаме интимен живот. Го игнорирав тоа сите овие години, но тој имаше сè што отсекогаш посакував и се согласив на таков живот. Сфатив дека мојата дружељубивост исчезнала и решив да поработам на тоа, бидејќи сакав да се чувствувам пожелно. Запознав еден човек преку Интернет и имав неверојатен секс со него. Сепак, решив уште некое време да останам со мојот сопруг заради нашите деца, бидејќи тоа би ги уништило – вели жената која немала доволно интимност.

Немаше страст

– Почнав афера 3 месеци пред свадбата за да се уверам дека мојот вереник е вистинскиот. Ми се допаѓаше, но не беше доволно страствен. Не сакав да ја откажам свадбата поради двете семејства и се омажив за него под голем притисок што самата си го создавав. За жал, морав да го оставам 9 месеци по бракот, бидејќи тој човек беше сè што не беше мојот сопруг. Се омажив за него и имаме две деца, и морам да кажам дека никогаш не сум била посреќна – вели жената чијшто партнер не ја возбудувал доволно.

Не сакав да бидам во врска

-Кога бев помлада ги изневерував моите момчиња затоа што не сакав да бидам во врска и сакав само секс. Бев среќна што можев да ги менувам партнерите без грижа на совест, но сега чувствувам вина, и криво ми е што им го направив тоа на тие момчиња – изјавила седмата жена.

извор:попара.мк

фото: Printscreen You Tube

To top