Фронтменот на групата „Хари Мата Хари“, Хајрудин Хари Варешановиќ, имал многу бурен љубовен живот.
Хари се заљубил во Аида во младоста, кога пејачот имал само 19 години, а двајцата се венчале кон крајот на 1983 година.
Две години подоцна (во 1985 година) се родила ќерката Надја.

Варешановиќ во едно интервју признал дека во тоа време бил премногу млад и не бил подготвен да стане татко, а речиси една деценија подоцна (во 1994 година) во бракот со Аида го добил синот Дамир.
Сепак, дури подоцна се дознало дека пејачот имал вонбрачен син, Мак, две години претходно (1992 година), а целата афера била повод за раскинување на неговиот прв брак.

Маја, мајката на Мак Варешановиќ, која била во емотивна врска со Хари, од кого се родил син. Таа еднаш ја откри вистината за нивната врска и истакна дека пејачот знаел за својот син од првиот ден, кого го признал и кој го носи неговото презиме.

Покрај тоа, Варешановиќ отворено зборуваше за фактот дека ја запознал својата втора сопруга, Јасминка, уште во 1994 година и дека дури тогаш разбрал што е вистинска љубов.
фото: instagram printscreen/harimatahariofficial/Facebook






