Пејачката Сека Алексиќ долги години е на јавна сцена, а ретко кој знае дека има сестра која исто така пее.
Таа со години снима песни и настапува низ регионот, а на социјалните мрежи може да се најдат бројни заеднички фотографии.
Инаку, постарата сестра на пејачката се вика Ајсела Малкиќ и живее во Босна. Со музика се занимава исто како и Сека и настапува со години.
View this post on Instagram
Таа е чест гостин на тамошните локални станици, а родена е во Тузла. Ајсела сака да се облекува провокативно и да ја покажува својата одлична фигура.
За Сека има само пофални зборови, а во една прилика на медиумите им спомена дека би сакала да сними дует со нејзината сестра.
Ајсела на Инстаграм сега сподели слики со Сека, а потоа и видео кое го сними Алексиќ за да и се смее на нејзината сестра дека се шета по штикли, па нема сомнеж дека нивната средба била полна со смеа и разговор.
View this post on Instagram
„Вака ме исмејува сестра ми и ме снима како се спуштам надолу со високи потпетици по камења. Засекогаш“, напиша таа.
фото: printscreen/Instgaram/seka_aleksic