Популарната пејачка настапи во еден клуб во Штутгарт, каде доживеала неочекувана ситуација.
Пејачката Наташа Беквалац на 25 септември наполни 44 години, а откако го прослави роденденот на Ибица со одбрано друштво, им се врати на настапите.
Новосадската барбика запеа во клуб во Штутгарт, каде популарната русокоса ја чекаше изненадување.
Додека таа пееше, персоналот на клубот се појави во специјални маички со текстот на нејзиниот хит „ У мени 300 степени“ и познатата изјава „Лако е да се бити поштен кат те нико нече“, а донесоа торта и шампањ на убавата Ната на сцената. Имаше и чаши за наздравување, како и огномет. Сепак, најинтересниот детал не беше забележлив на прв поглед. Келнерите на грбот имаа посебна порака за Наташа, односно прашањето: „Наташа, омажи се за мене?“.
Така четворицата ја запросиле Беквалац, а пејачката била воодушевена од оригиналното изненадување.
фото: printscree/instagram