Радио Милева од „сељанка“ до мегаѕвезда

Ова девојче од фотографиите денес една од водечките фолк пејачки во Србија: „Дојдов од Краљево да учам во Белград, па на училиште ме викаа ‘сељанка’ заради мојот акцент“ (ФОТО)

Ова девојче од фотографиите денес една од водечките фолк пејачки во Србија: „Дојдов од Краљево да учам во Белград, па на училиште ме викаа ‘сељанка’ заради мојот акцент“ (ФОТО)

Легендарната пејачка на народна музика и член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, Снежана Ѓуришиќ, која со децении е омилена меѓу публиката од сите генерации, сега ги изненади и воодушеви своите фанови со една објава на својот Инстаграм профил. Снежана сподели фотографија од нејзиното детство, на која можеме да ја видиме како мало девојче со неодолива насмевка која го отсликува нејзиниот ведар дух. Во една прилика, Снежана се навраќаше на своето детство и сподели емотивна приказна за важна пресвртница во нејзиниот живот, преселбата од родното Краљево во Белград.

„Страшно страдав по Краљево. Прекрасен град е и ти го одзема здивот, можеш да одиш каде сакаш. Таму имав прекрасно детство и до ден денес чувствувам топлина во градите кога мислам на Краљево, а камоли кога одам таму“ – изјави таа во емисијата „Од профил“.

Таа особено ја истакна улогата на нејзините родители во тој период. Иако ја поддржувале во љубовта кон музиката, тие поставиле јасен услов.

„Условот беше да се биде добар ученик, инаку нема пеење, па морав да се грижам за тоа. На училиште ме викаа „сељанка“ поради мојот акцент. Краљево и околината е предел кој  има свој акцент, а после тоа се фатив себеси како почнав да зборувам белградски“ – ќе раскаже пејачката.

Фото: Инстаграм/snezana.djurisic_

 

To top