Водителката Сања Маринковиќ, која е во шестата деценија од животот, со години е позната како личност која многу се грижи за својот изглед.

Неодамна на социјалните мрежи сподели видео од фотосесија, откривајќи им на фановите како изгледаат моментите зад сцената.

„Многу луѓе ми велат дека веројатно имам поголема самодоверба како што стареам, но отсекогаш сум била несигурна и неодлучна. Можеби во моите зрели години сум само порелаксирана и можам полесно и поубаво да се забавувам, дури и кога работам. Отсекогаш сум била работохолик и сериозен контролор. Сè уште е така по дваесет и пет години во медиумите“, напиша Сања на Инстаграм.

Изгледот на Сања Маринковиќ се должи на здравата исхрана и физичката активност, а неодамна ги покажа резултатите од напорниот тренинг објавувајќи провокативни фотографии од морскиот брег.
Foto: Print Screen/Instgaram







