Инстаграм профилот на пејачката Јелена Карлеуша, кој беше еден од најследените на Балканот, денеска беше затворен.
Сметката што таа ја имаше со години, а имаше околу 2,4 милиони следбеници, исчезна од мрежата.
Карлеуша сѐ уште не се изјаснила за овој случај, па не се знае што точно се случило.
Карли важеше за една од најследените пејачки на сцената, а еве која пејачка сега ја носи таа „титула“.
Откако и беше деактивиран профилот на Јелена, следна најследена пејачка во Србија е Сека Алексиќ.
Таа моментално има 2,4 милиони следбеници, исто колку што имаше и Карлеуша.
Инаку, оваа пејачка е многу активна и на социјалните мрежи и често се огласува на своите приказни, објавувајќи објави поврзани со настапите, но и некои активности од семејниот дом, а често се шегува и во своите исклучително хумористични клипови.
Алексиќ, за потсетување, моментално е во Америка, на турнеја, а слободното време го користи за да ужива во прошетки, излегувања и храна.
фото: printscreen/instagram