Пејачката Јелена Томашевиќ беше итно примена во болница, откако се разболе за време на настап во Бар.
Сега таа се огласи преку својот Инстаграм, се заблагодари за зборовите на поддршка и ја откри дијагнозата што ѝ ја дадоа лекарите.
– Драги мои, ви благодарам на сите многу за прекрасните зборови на поддршка! Ми го стопливте срцето. Се чувствувам добро, а добив уште една автобиографска песна, бидејќи од синоќа официјално ми е дијагностицирана вртоглавица. Следниот пат ќе пееме за морето и сонцето – напиша Јелена на шега врз основа на тоа што има песна со исто име, а ја тагна и колешката Емина Јаховиќ.

Иако салата беше полна до крај, публиката успеа да чуе само една песна, а по повод овој несреќен настан, сопругот на пејачката, Иван Босиљчиќ, се обрати и им се заблагодари на сите за грижата, но откри и детали за здравствената состојба на Јелена.
– Ви благодарам на сите за грижата и бројните пораки за поддршка. Во деновите пред концертот, Јелена имаше вирус и мала слабост. Сепак, водена од големо почитување кон публиката и желба да се одржи договорениот настап, таа одлучи да се качи на сцената. За жал, поради нејзината здравствена состојба, таа не можеше да го заврши концертот. Најважно е што Јелена сега се чувствува добро и со нетрпение го очекува следниот состанок со публиката. Сакаме да им се заблагодариме на медицинскиот персонал на Барската итна медицинска помош за нивната брза реакција, како и на сите што пружија помош и покажаа грижа – напиша Босиљчиќ, а самата Јелена ја сподели неговата порака на својот Инстаграм профил.

За потсетување, веќе за време на изведбата на втората песна, Јелена Томашевиќ одеднаш падна на колена, по што членовите на бендот истрчаа на помош и ја симнаа од сцената. Пејачката веднаш беше пренесена во Итната медицинска помош, а организаторите ги известија присутните дека концертот е откажан поради нејзината нарушена здравствена состојба.
фото:Instagram printscreen/ jelenatomasevic_official






