Радио Милева биографија што отскокнува

Откако паднаа сите пресуди, Боки 13 како „слободен човек“ се прошета низ Скопје: „Она што не боли – тоа не е живот, она што не поминува – тоа не е среќа“ (ФОТО)

Откако паднаа сите пресуди, Боки 13 како „слободен човек“ се прошета низ Скопје: „Она што не боли – тоа не е живот, она што не поминува – тоа не е среќа“ (ФОТО)

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, официјално е слободен човек. Откако на Апелација паднаа сите пресуди, па повеќе не се товари за кривични дела како перење пари и незаконско стекнување имотна корист, Боки 13  гордо се прошета низ Скопје.

Целосно се трансформиран, во негов стил дотеран како манекени во луксузна, брендирана гардероба, ги собра погледите на случајните минувачи, ама и коментарите на на социјалните мрежи. Едни го фалат, други го жалат, трети го водигнуваат, четврти го „плукаат“… И него и системот и судството… Кој како го доживува она што на сите нам ни се случуваше со познатата афера, но и голготата низ која потоа Боки 13 мина. Од судските процеси до затворските денови и сериозно нарушеното здравје.

Неофицијално, токму за од А до Ш да ја раскаже целата приказна или поточно напише, Боки наводно добил понуда уште додека бил „зад решетки“. Имено, една македонско – српска издавачка куќа му понудила да му ги откупи правата и да ја издаде „затворската биографија“ на Јовановски, за сето она што се случувало од првиот до последниот ден, од моментот кога идејата за „Меѓународен сојуз“ му паднала на памет, до денот кога излегува од затвор. Книгата би била печатена на македонски и на српски јазик и би се продавала и во Македонија и во Србија, по што издавачот се надевал на солиден тираж. По ваквата понуда Боки се согласил, а неговиот одговор испратен во куса СМС порака од затворот гласел: „Може…! 100.000 (сто илјади) евра! Плус процент од продажбата!?

Едноставно издавачот на пристојната предлог понуда, според неговите проценки добил (не)пристојно побарување од потенцијалниот клиент! Колку во сето ова има вистина и ако има, дали сумата се поклопува со релноста е прашање на кое Бојан Јовановски можеби еден ден ќе реши да одговори?! А и за „биографија што отскокнува“, никогаш не е доцна!

 

Во меѓувреме сега како повторно „слободен човек“, а не „измамник, профитер и перач на пари“, за што се товареше пред да му бидат симнати обвиненијата, Бојан Јовановски е пред предизвикот да започне сосема нов живот… од почеток! Или да продолжи со стариот, пред да се случи она што му се случи?

„Силата е во духот“ – умее и самиот да каже Боки, како што напишал на една од неговите последни стори објави на Инстаграм, а познавајќи го, неговиот е прилично немирен. Сепак, поуките и искуството доживеано во блиското минато, секако дека ја менуваат сегашноста.

 

„Кога подобро ќе размислам низ што се пројдов добро е и што сум жив, па затоа главата горе и борбата продолжува!
Она што не боли – тоа не е живот, она што не поминува – тоа не е среќа“ – споделил Бојан Јовановски на Инстаграм покрај најновите фотографии, цитирајќи го великиот Иво Андриќ.

Дали се’ уште боли – само Боки 13 знае, иако низ најболното веројатно помина. Сепак, некои лузни остануваат за навека!

Фото: Инстаграм/boki13official

 

 

To top