18-годишна Мис Америка загина вчера во сообраќајна несреќа на Флорида.
Каденс Фредериксен минатата година учествуваше на изборот за Мис Флорида за тинејџери на САД. Причината за трагедијата се истражува.
Сообраќајната несреќа се случила во округот Санта Роса околу 13:30 часот по локално време, јавува WKRG.
Членовите на семејството ја идентификувале жртвата.
-Мисица била апсолвент во училиштето Бејкер, нејзината апликација за дообразување била одобрена од дури девет факултети, таа морала да избере каде ќе студира, а планирала да стане ветеринар, велат нејзините роднини за News 5.
Камионот кој се судрил со нејзиниот автомобил го управувал 56-годишен маж од Милтон.
„Со длабока тага објавуваме дека почина еден од нашите сакани претставнички, Кеденс Фредериксен“, се вели на страницата на Инстаграм Мис Флорида САД.
фото: Instagram/missflusa