Радио Милева од медицински агол

Ортопед открива каква е состојбата со Брена: „Закрепнувањето ќе трае со месеци“ (фото)

Ортопед открива каква е состојбата со Брена: „Закрепнувањето ќе трае со месеци“ (фото)

Лепа Брена доживеа несреќа за време на третиот концерт во Загреб, поради што утрото веднаш беше оперирана.

Таа, како што истакна, се повредила на половина од концертот, но не сакала да го прекине ветениот спектакл за публиката. Сепак, таа беше принудена да ги откаже следните концерти.

Во оваа прилика зборуваше и ортопедот Младен Мишкулин:

– Со вакви повреди опоравувањето трае од два и пол до три месеци. Станува збор за повреда која е доста бара да се рехабилитира, особено некој што има сценски настап каков што има Лепа Брен – изјави за хрватска РТЛ ортопед од Загреб.

Како што пишуваат хрватските медиуми, таа ќе остане во болница уште два до три дена.

Да потсетиме, Брена по операцијата проговори од болницата во Хрватска:

– Драги мои… Животот не потсети, по којзнае кој пат, колку е важно да се задржиме во срцето и да се сеќаваме на се убаво што имаме, бидејќи ништо не се зема здраво за готово и сè поминува брзо. Но, исто така, не потсетува дека убавите моменти секогаш доаѓаат повторно и повторно. За жал, синоќа за време на еден од незаборавните моменти на концертот, до половина од концертот се случи несреќа кога снимателот падна врз мене и како последица на тој пад ја скршив ногата. Не сакав да престанам, но за љубов на сите вас во Арената продолжив да пеам. Добрата вест е дека се ќе биде во ред, но во моментов ми треба малку време да се опоравам. Вашата љубов, поддршка и трпение во овој период ни значат многу. Ви благодарам од се срце. Наскоро ќе ве информираме за новите термини за одложените концерти. Ви благодариме за разбирањето и што сте секогаш со нас. Ваша Брена – напиша пејачката.

фото:Instagram printscreen/ lepabrenaa

To top