Радио Милева благодарна

„Оние што се сетија на мене…“: Прво огласување на Нада Топчагиќ по излегувањето од болница (фото)

„Оние што се сетија на мене…“: Прво огласување на Нада Топчагиќ по излегувањето од болница  (фото)

Пејачката Нада Топчагиќ во понеделникот на 25 март, два дена откако итно била примена во Ургентниот центар поради болки била отпуштена од болница.

Таа со денови се опоравуваше во семејниот дом во Бановци, а сега се огласи.

Нада објави фотографија на која позира насмеана и напиша:

– Драги мои, сакам да му се заблагодарам на целиот персонал на Ургентниот центар на Србија за нивната професионалност, добрина и посветеност – напиша пејачката и додаде: – Ве сака Надица . Им благодарам на колегите кои се сетија на мене, на луѓето кои ме сакаат, на пријателите и семејството – порача таа.

Да потсетиме, Нада Топчагиќ на 23 март беше упатена на итна хоспитализација поради силни болки во стомакот. Таа била со сопругот Златко Ѓорѓевиќ во нивниот дом во Бановци, кога почувствувала силни болки. По излегувањето од болницата, Топчагиќ откри дека „мислела дека е готово“ и дека сега е многу среќна што е пуштена и си оди дома.

Фото: printskrin/instagram/topcagicnada

To top