Сладоледот е едно од омилените задоволства за многумина, во кое најмногу уживаме во топлите летни денови. Иако повеќето сакаат да пробуваат различни сладоледи, факт е дека повеќето го имаат својот омилен вкус, а психолозите велат дека тоа покажува што сакате во кревет!
На пример, луѓето кои претпочитаат сладолед со вкус на чоколадо сакаат да флертуваат, се многу сензуални и уживаат во сексот. Исто така, тие се издржливи во кревет и доста вешти во пронаоѓањето на точки на телото кои на партнерот ќе му дадат невидено задоволство.
Љубителите на сладолед од ванила генерално не бараат возбуда и новитети, тие се повеќе луѓе кои сакаат да поминуваат време дома, а од партнерот бараат поддршка. Не ги сакаат особено експериментите во сексот, но уживаат во нежното водење љубов.
Психолозите оценуваат дека луѓето кои најмногу сакаат сладолед од јагоди се прилично наивни и дека не се склони кон некои игри во кревет, туку најважно им е да чувствуваат емоции.
Љубителите на карамела се прилично опуштени, полни со самодоверба, а сексот не им е премногу важен во животот бидејќи љубовта ја доживуваат на интелектуален, а не на физички начин.
Луѓето кои сакаат сладолед со вкус на јаткасти плодови – бадеми, лешници, ореви, ф’стаци – се многу искрени, практични и не сакаат да експериментираат, а психолозите велат дека не се склони кон „шарање“. Со други зборови, кога се во врска, тие се фокусирани само на партнерот и ќе направат сѐ за да му угодат.
Љубителите на сладолед од лимон сакаат еротика и возбуда, па сакаат и да пробуваат нови работи во кревет. Бидејќи во љубовта целосно се предаваат, најважно им е партнерот да ужива.
Извор: Попара