Педесет и едно годишната Хајди Клум, германско-американска манекенка и телевизиска ѕвезда, позната како долгогодишен судија во емисиите како „Проект писта“ и „Америка има талент“, повторно го крена целиот Инстаграм „на нозе“.
Имено, таа неодамна на својот профил кој го следат 12 милиони луѓе сподели провокативно видео, па многумина велат дека за „огнената“ Германка, провокацијата е друго име.
View this post on Instagram
Иако е во шестата деценија, тоа не ја спречува да објавува видеа на кои е облечена во оскудни комбинации или главно гола. Сепак, никој не може да го негира нејзиниот стил, ниту фактот дека секое парче облека што го носи и изгледа совршено, а тоа беше случај и овој пат.
View this post on Instagram
Хајди се одлучи за многу елегантни бели панталони со низок струк и носеше бел корсет кој имаше праволиниски раб, па нејзините гради беа во преден план. Токму со оваа комбинација уште еднаш докажа дека изгледа беспрекорно, а макотрпната грижа за својот изглед дефинитивно се исплати.
фото:Instagram printscreen/ heidiklum