Радио Милева се врати на старо

„Одново се заљубив“: Милена Антовска среќна поради промената што ја направи (фото)

„Одново се заљубив“: Милена Антовска среќна поради промената што ја направи (фото)

На ТВ водителката Милена Антовска Станковска  експериментите со изгледот на косата во последно време брзо и здосадуваат па одново  се враќа на она што и е веќе проверено и сигурно.

Таа сега одлучи дека повеќе не и се допаѓаат светлите прамени  кои ги направи летово, па одлучи повторно да го трансформира изгледот.

„Пред да одам на одмор ме шатираа, ама од сонцето некои прамени многу ми осветлеа, а јас баш и не се доживувам како плавуша “  – напиша  таа во објаснувањето за слебениците на социјалната мрежа Инстаграм.

Овој  пат Милена брзо и лесно се одлучи  на ваков чекор  и сега повторно блеска од среќа поради тоа што  си ја врати омилената боја на коса.

„Јееј си ја вратив мојата боја“  – додаде на следното Инстаграм стори кое го објави пред јавноста.

Милена продолжи да позира пред камерата на телефонот полна со љубов за нејзината коса која дефинитивно премногу и  се допадна.

На сето тоа додаде дека и  одново се заљубила, но овој пат во шишките  кои заедно со старо новата боја  и го комплетираа имиџот.

Промените кај Милена секако се добредојдени и  ги чека со раширени раце, сепак ако нешто и се згреши лесно и е веднаш да го реши и да се врати по старото.

фото: printscreen/instgaram/milena_antovska

To top