Пејачот Милан Станковиќ наводно решил да и се врати на музичката кариера, а неговата одлука ги воодушевила неговите обожаватели.
Имено, Милан Станковиќ наводно решил да направи уште една голема промена покрај одлуката да и се врати на музиката. Неговиот нов албум ќе излезе за помалку од еден месец и ќе биде сосема поинаков од се што има направено досега.
Инаку, Милан Станковиќ пред само една година сакал да стане послушник во манастирот Подмајине во Црна Гора, но за жал бил одбиен.
Монахот од споменатиот манастир објасни зошто е донесена ваквата одлука, која очигледно била пресудна пејачот да се врати во кариерата.
-Братот Милан летово не беше во манастирот, беше на големиот велигденски пост. Иако имал, и има желба да оди по монашкиот пат, ставот на игуменот и браќата е дека се уште е рано официјално да биде додаден како послушник, т.е. на нашето братство.
– Мора да помине повеќе време. Милан мора да научи уште повеќе да се подобрува во трпението и молитвата. Тоа е за негово духовно добро – изјави тогаш монахот од споменатиот манастир.
фото: printskrin/instagram/milanstankovic