Радио Милева по тежок и стресен период

„Од шокот не можев да заспијам“: Лепа Брена после операцијата ужива со семејството во Тајланд (фото)

„Од шокот не можев да заспијам“: Лепа Брена после операцијата ужива со семејството во Тајланд (фото)

Пејачката неодамна со семејството отпатува во Тајланд, каде се одмара по тежок и стресен период.

Лепа Брена неодамна заедно со сопругот Боб и синот Виктор Живојиновиќ отпатува на егзотична дестинација каде уживаат во привлечноста на овој остров.

Нејзиниот наследник најави дека секој ден го поминуваат во луксузни ресторани каде најмногу избираат специјалитети од морска храна.

Да потсетиме, Брена во декември за време на концертот во Загреб го скрши скочниот зглоб, поради што беше оперирана.

Иако зад себе има долга и успешна кариера, во која се се случи, Брена признава дека овој настан и бил особено тежок.

„Од шокот не можев да заспијам, само кога ми дадоа нешто да се напијам за да се смирам, успеав да ги затворам очите неколку часа. Следниот ден го поминав враќањето на филмот како што ми се случи мене. Секако дека плачев, бев многу тажна, но сфатив дека, како и сè тешко што ми се случило во животот, така и на тоа ќе му дојде крајот. Сфатив дека ќе станам и ќе одам и дека се ќе биде во ред. Што плачев, плачев. Но и денес не можам да го гледам тоа видео бидејќи ме расплакува“, додала таа.

фото: printscreen/instgaram

To top