Откако популарниот пејач Халид Бешлиќ почина, Република.рс од извор дознава детали за неговото наследство и тестаментот што го остави зад себе. Гореспоменатиот медиум доби информации што први ги споделија соседите на Бешлиќ блиски до потесното семејство, кои открија дека пејачот го префрлил целиот свој имот на сопругата. Сепак, како што пишуваат, сопругата одлучила да се откаже од својот дел во корист на нивниот син Дино Бешлиќ.
– Мислам дека сè ѝ го оставил на сопругата, и дека таа ќе се откаже или веќе се откажала во корист на својот син Дино. Знаете што, тие се толку прекрасно семејство, никогаш немало никаква драма, скандал, се знаело дека Халид дал сè за семејството, дури еднаш рекол дека завршил сè, живеел, патувал и видел сè, дека сега прави сè за своите внуци затоа што тие биле центар на неговиот свет – изјавил соседот за Република.рс

– Халид бил примерен човек. Никогаш не правел разлика помеѓу познати и обични луѓе, со сите зборувал исто – со почит и топлина. Секогаш нè поздравувал, застанувал да разговара, прашувал како се децата, нудел помош доколку е потребно. Неговата сопруга е прекрасна жена, тивка, скромна, но столб на куќата. А синот Дино… добро воспитано, културно дете, секогаш насмеано – почнува соседот за српскиот медиум.
фото: Facebook printscreen/Sejmo Sulejmani







