Јасмина Тодоровиќ, мајката на пејачката Милица Тодоровиќ, сподели цитат на социјалните мрежи кој предизвика големо внимание и започна многу шпекулации за тоа до кого е упатен.
Откако неодамна го прослави својот роденден, кога Милица ѝ испрати емотивна порака, Јасмина повторно проговори и предизвика бура од реакции.

„Ако им дозволите на луѓето премногу да се потпираат на вас, ќе завршите носејќи ги на грб, а тие ќе прашаат: „Може ли малку побрзо?“, пишуваше во пораката што ја објави.
Да ве потсетиме, Јасмина Тодоровиќ беше оперирана на почетокот на февруари, во периодот кога нејзината наследничка, Милица Тодоровиќ, го роди нејзиниот син Богдан.
фото:instagram printscreen/milicatodorovicofficial







