Мегафон

НУ „Танец“ се враќа во Велика Британија по 76 години од историскиот триумф на „Тешкото“

НУ „Танец“ се враќа во Велика Британија по 76 години од историскиот триумф на „Тешкото“

Силниот ехо-ритам на македонскиот искон повторно ќе го растрепери срцето на Обединетото Кралство.

По точно 76 години од 1950 година — кога Националната установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ на Меѓународниот фестивал во Ланголен го воодушеви светот, ја освои првата награда и го запиша митското оро „Тешкото“ во светската уметничка историја — ансамблот се враќа со два ексклузивни концерта во Лондон и Оксфорд.

Настапот во Ланголен во 1950 година беше првото историско претставување на„Танец“ надвор од границите на земјата. Тогаш, ритмичкиот и пркосен скок на „Тешкото“, поддржан од исконскиот ек на зурлата и тапанот, ги испрати британските критичари во восхит и растрепери милиони срца, докажувајќи дека македонскиот фолклорен код поседува универзална уметничка моќ.

По повеќе од седум децении, „Танец“ повторно ја носи истата оган-енергија пред британската и меѓународната публика: Лондон: 16 септември 2026 година и Оксфорд: 18 септември 2026 година.

Screenshot

Со врвна уметничка прецизност, раскошни автентични носии и богата музичкосценска програма, уметниците од „Танец“ ќе ги изведат канонските ора „Тешкото, „Драчевка“ и низа традиционални вокално-инструментални бисери.

„Искрите што беа запалени во Ланголен во 1950 година, кога македонското „Тешкото“ се запечати во срцето на Велика Британија, никогаш не згаснаа. Нашето враќање во Лондон и Оксфорд по точно 76 години не е само симболично затворање на еден голем културен круг, туку и горда потврда дека „Танец“ останува живиот чувар и светски амбасадор на македонскиот идентитет и традиција.“ Оваа турнеја претставува врв на македонската културна дипломатија за оваа сезона, продлабочувајќи ги врските меѓу двете држави и зацврстувајќи го местото на македонското фолклорно наследство во престижните европски и уметнички центри.

фото:НУ Танец

To top