Пејачката Ана Николиќ беше снимена како лежи на тротоарот во Вождовац, цело време кревајќи го фустанот и позирајќи пред камерата, со експресивно „пучење “ на усните.

Носеше чипкани чорапи и влечки, додека очите ги криеше со големи црни очила. Покрај тоа, многу луѓе ги забележаа модринките што пејачката ги имаше на колената.

Таа го објави видеото на својот Инстаграм профил, што предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, со коментари кои варираа од осуда до поддршка.
View this post on Instagram
„Не ѝ треба ова“, „Смири се, жено“, „Нека ѝ каже некој дека доста со глупостите, има ќерка“, „Не ѝ е лесно“ и „Каква кралица, не ѝ е гајле што велат другите“, се само дел од коментарите под објавата.
Foto: ananikolicofficial/instagram




