Живот и стил

Нови позитивни ефекти на чоколадото врз здравјето

Нови позитивни ефекти на чоколадото врз здравјето

И покрај својата репутација дека е богата со масти и шеќери, нови докази укажуваат на тоа дека чоколадото, посебно суровите зрна какао, може да имаат изненадувачки позитивни ефекти. Имено, д-р Ден Баумгард, предавач на Факултетот за биологија, фармакологија и неуронауки на британскиот Универзитет Бристол, откри интригантни ефекти на чоколадото врз здравјето.

Според него, чоколадото содржи многу различни активни соединенија кои може да предизвикаат фармаколошки ефекти во телото, како лековите, вели д-р Баумгард. Познато е дека клучните соединенија како што се теобромите и кофеинот се присутни во чоколадот и тие ја поминуваат крвно-мозочната бариера, влијаат на нервниот систем и спречуваат чоколадото да има репутација на храна која предизвикува зависност, но, какви ефекти има чоколадото врз расположението.

Систематскиот преглед што го направил тој всушност е збир од студии кои ги испитувале чувствата и емоциите поврзани со консумирањето чоколадо. Најголем дел од нив покажале дека чоколадото го подобрува расположението, анскиозноста, ја зголемува енергијата и ја смирува возбудата, напоменува д-р Баумгард.

Понатаму, низ историјата чоколадото се користело како лек за разни болести и тоа укажува на потенцијалните позитивни ефекти на чоколадото надвор од подобрувањето на расположението. Со векови чоколадото се користело како лек за анмеија, туберколоза, гихт, па дури и ниското либидо, објаснува д-р Баумгард.

Иако чоколадото кај луѓето може да го подобри здравјето, како на пример, да го намали крвниот притисок, не треба да се занемари содржината на масти и пеќери во него. Науката сега оди во правец на чоколадо кое има се поголе удел на какао, а минимални додатоци. Затоа, дневната доза од 20-30 грама обично или темно чоколадо со над 70% какао може да има позитивни ефекти врз здравјето, советува д-р Баумгард.

Иако потенцијалните бенефити на чоколадото по здравјето се примамливи, умереноста и внимателното консумирање и понатаму се клучни за да има позитивни ефекти врз здравјето, пишува британски „The Conversation“.

фото:Freepik

To top