Промотер

Новата балада на Дарио – „Ковчег со злато“ е песна за вистинската среќа во животот (ВИДЕО)

Новата балада на Дарио – „Ковчег со злато“ е песна за вистинската среќа во животот (ВИДЕО)

Уште една песна со убава порака, напиша и сними кантавторот и пејач  Дарио Панковски. „Ковчег со злато“ е неговата нова балада за која рече дека е посветена на вистинските човечки вредности и вистинската среќа.

Самиот Дарио е автор на музиката и текстот, а Кристијан Габровски, неговиот постојан соработник, вообичаено го направи аранжманот. Режисер на спотот со кој е визуелизирана оваа моќна балада е Александар Ристовски-Принц.

„Не е среќа ковчег со злато кој нема ништо да значи, кога ќе дојдеш на крајот од патот. Среќа е да остариш мирно крај тој што те сака, заедно рака за рака, исто ‘ко некогаш така“ – пее Дарио во новата балада за која Принц направи спот кој апсолутно соодветствува на приказната за песната.

„Оваа песна е најава за мојот нов албум кој наскоро треба да излезе. Со голема љубов и мерак се напишани и снимени сите песни од материјалот. Се радувам дека наскоро ќе имам можност да го промовирам и презентирам во јавноста“  – вели  за крај Дарио, повикувајжи ве да ја преслушате и проследите видеото за неговата нова балада „Ковчег со злато“.

To top