Британската принцеза, внука од брат на кралот Чарлс Трети, Беатрис се породи и на свет донесе девојче, објави денеска Бакингемската палата.
-Сите членови на кралското семејство се информирани и воодушевени од веста. Семејството сака да им се заблагодари на вработените во болницата за нивната прекрасна грижа, се вели во соопштението на Бакингемската палата.
Малата Атина Елизабет Роуз Мапели Моци е родена на 22 јануари во 12:57 часот со тежина од 2,04 килограми.
Бебето и мајката се во добра здравствена состојба, а семејството се радува за заедничкото време кое Атина ќе го поминува заедно Сиена и Волфи, првите две деца на Беатрис и нејзиниот сопруг Едоардо Мапели Моци.
фото:Freepik