Овогодинешниот норвешки претставник на Евровизија, Кајл Алесандро, ја заврши својата прва проба во Базел во неделата во неподносливи болки поради тешка инфекција на забите.
За успешно да ја заврши пробата, тој морал да зема силни лекови, а веднаш откако се симнал од сцената, итно бил префрлен на дентална хирургија.
– Едвај можеше да ја отвори устата и зеде силни лекови против болки за да може да ја заврши пробата – рече водачот на делегацијата, Мадс Торклап.

Како што понатаму изјави, стоматологот дијагностицирал акутна инфекција на непцата и умникот на Алесандро бил веднаш отстранет.
– Не размислував многу за тоа и мислев дека болката веројатно ќе помине по неколку дена. Сепак, болките се влошуваа, сè до денес. Го започнавме денот со првата проба во арената и помина исклучително добро. По пробата, повторно почнав да чувствувам силни болки, па имавме итен преглед кај стоматолог, по што ми го извадија умникот. Стоматологот рече дека морам да одмарам до среда, а потоа сè беше подобро – изјави Алесандро и додаде дека поради неговата здравствена состојба, сите негови проби и интервјуа за печатот за понеделник и вторник се откажани.

За потсетување, Кајл Алесандро ќе ја претставува Норвешка во Базел со песната „Lighter“ во првото полуфинале на 13 мај и ќе настапи под реден број 8.
фото:Instagram printscreen/byronjapedersen/studiocoma/kyle.alessandro




