Некогаш беше ултрапопуларана македонска поп пејачка која поникна како вицешампион во регионалното музичко талент поу „Идол“. Со дузина хитови, три издадени албуми, фестивалски награди и во и надвор од Македонија, со стотици настапи по сите можни клубови и дискотеки, со две турнеји по Австралија…

За одненадеж, преку ноќ Нона Неделковска или само Ноне, да реши да ја прекине кариерата да се спакува и замине да работи на брод. На прекуокенските крузери каде започна една нова, сосема оинаква кариера која се’ уште трае речиси една и пол деценија. Работа која и овозможи да го обиколи светот, да ги посети најубавите, најспектакуларните и најегзотичните дестинации, да го спои убавото и корисното, шетајќи од Севена и Јужна Америка, преку Медитеранот, Егејот, Средоземјето, па назад. Од обете страни на Атлантикот, до Куба, Малдиви и Сејшели, па се до Шпанија, Португалија, Франција, Италија, грчките острови, Анталија… Буквално го поминала цел свет, сите четири страни, пловејќи преку седум мориња и океани!

Годините полека минуваат, со нив и риодендените, па денот што го чекаме цела година Нона Неделковска и годинава го дочека далеку од дома. Сто пати сме рекле дека на дамите не им се бројат годините иако Ноне не ги ни крие. 39-ка е новата бројка, на прагот на 40-ката или на што би рекле пред вратите за влез во петтата деценија, иако најшетаната велешанка ниту така изгледа, ниту и недостасува работна и животна енергија.

Некогашната пејачка гордо ги истакна годините со Инстаграм пост од бродската кабина, во кој го раскажа сето она што го чувствува во прегратките на 39-ката!

„Имав среќа да посетам 75 земји, прво преку мојата музичка кариера, а потоа работејќи на крузерите – најдобрата одлука во мојот живот Светот ми даде повеќе од само знаменитости – ми даде лекции, перспективи и подлабока љубов кон луѓето насекаде. Ниту една фотографија или видео не може да ги долови емоциите од тоа што го видов со свои очи.Патувањето ме трансформираше, го обликуваше начинот на кој го гледам животот и ме направи подобра личност.
Останатите агли на светот сонувам да ги истражам со мојата посилна половина и ако Бог даде, со моите деца. За авантурите зад мене и за оние што сè уште ме чекаат“ – споделила велешката „џепна венера“ како што ја нарекуваа додека повеќе од успешно знаеше да ја тера својата естрадна кариера.
View this post on Instagram
Истата таа кариера и музиката, во постот барем срамежливо ги спомнала, но меѓу изборот од дузина фотографии од најегзотичните дестинации како дел од најубавите спомени за нејзините 39-години, од пејачката кариера – не споделила ниту една!?

Како пред работата на крузерите таа и да не постоела, како Ноне Неделковска никогаш да не била успешна пејачка?

Помалку чудно, мистериозно и несфатливо, зошто тоа што ја направи позната и популарна, од нејзините фото-спомени „испарило“… Како никогаш и да не било?
Фото: Архива/Инстаграм/nona.nedelkovska







