Вчера, среда 10 – ти април во Македонија беше неработен ден, а сите побрзаа да го искористат колку што е можно најдобро.
Ноне Неделковска својотата прекуокеанска пауза и престојот во Македонија ги искористи празнично за да тркне во соседството, па случајно откри кој настан бил пикиран во нејзинот бележник токму на овој пролетен сончев ден.
Дека Ноне ја има насекаде по белиот свет докажа и сега, иако овој пат сподели прашалник и позадина од море, додека позираше задоволно пред камерата на мобилниот телефон.
Таа иако не сакаше да открие каде сега ужива, дополнителното видео кое го сподели на социјалната мрежа Инстаграм ја издаде.
Имено, како и неа истата дестинација за релаксација случајно или со иста намера, ја одбра и Симона Поповска, која повеќето ја знаат како пејачка иако за своја примарна професија ја има естетската медицина.
Таа позираше на истата локација каде во позадина ја улови изложбата на стари автомобили, т.н. „олдтајмери“, која веројатно била и главниот повод за посета на ова место.
Па иако и на двете заедничка страст им е пеењето, сега на своите „Инстаграм“ профили од споделеното се гледа дека и двете обожаваат и спортски автомобили.
Но како и Нона и Симона не ја откри локацијата, иако според објавеното личи дека дестинацијата на која обете уживале е Солун.
Фото: printskrin/instagram/simonapopovskaofficial/nona.nedelkovska