Радио Милева вегански живот

Нина Бадриќ со години води борба со вишокот килограми, а вака изгледа денес во костим за капење (фото)

Нина Бадриќ со години води борба со вишокот килограми, а вака изгледа денес во костим за капење (фото)

Пејачката Нина Бадриќ престојува во Грција, каде ужива во едно од најелитните одморалишта и редовно им известува на своите следбеници за своите авантури.

Нина се потруди целосно да се одмори и да ги наполни батериите за следниот период, а нејзината фотографија во базен предизвика големо внимание во јавноста.

Пејачката на 52 години изгледа совршено, а не се срами да го покаже своето природно тело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Нина преферира едноделни костими за капење, кои ги има во неколку дизајни и кои ги спојува со различни модни додатоци како накит и интересни очила за сонце.

„Годините не ти можат ништо“, „Ѕвезда и на копно и на море“, „Каква жена“ се само дел од коментарите под оваа објава.

Инаку, Нина неодамна проговори за исхраната што ја препородила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

– Престанав да јадам месо и се случија големи промени во моето тело. Конечно сум задоволна со мојата тежина и се чувствувам многу подобро. Порано кога јадев парче месо, морав да дремнам два часа затоа што бев уморна. И сега сум мирна, фина и весела. Дури и масерката ми кажа дека тонот на кожата ми е подобар. Навистина сум задоволна – изјавила Нина, признавајќи колку и било тешко на почетокот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

– Кога после неколку дена сфатив дека се чувствувам здраво и имам многу повеќе енергија, потребата и желбата за месо исчезнаа – објаснила пејачката.

фото:Instagram printscreen/ badrich

To top