Радио Милева ранлива

Никол Кидман се буди во солзи: „Се повеќе мислам на смртта“ (фото)

Никол Кидман се буди во солзи: „Се повеќе мислам на смртта“ (фото)

Холивудската актерка Никол Кидман (57) откри дека понекогаш ноќе се буди плачејќи и липајќи, поради размислување за својата смртност.

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се најде на насловната страница на списанието „Џеј-кју“ и проговори за тоа колку животот ѝ се сменил откако навлегла во своите педесетти години. Актерката призна дека често се буди во солзи бидејќи размислува за сопствената смрт.

„Смртност и поврзаност. Животот доаѓа и те удира. Губење родители, воспитување деца, брак и сите оние работи кои ме прават исклучително емотивна личност. Таков е животот. Дефинитивно, животот е патување и те фаворизира како што старееш. Тоа се оние кои се будат во три часот по полноќ, кога плачеш и тешко дишеш“, рекла актерката.

Таа додаде дека губењето на родителите и растењето на децата ѝ го промениле нејзиниот поглед на животот.

„Постои овој аспект на смртноста со кој кога ќе се соочите со него, тешко е да се справите. Кога воспитувате деца, велите: „Морам да останам жив. Сакам да го видам сето ова“. Многу е тешко, но во исто време убаво и извонредно“, објасни актерката, чија мајка Жанел почина во септември оваа година, на 84-годишна возраст.

Кидман жали што нејзината мајка не успеала да го изгледа нејзиниот последен филм „Малечка“ („Babygirl“) и серијата „Совршениот пар“ („The Perfect Couple“).

„На некој начин, таа беше мојот компас. Нејзиото заминување за мене беше како да сум ја изгубила таа поддршка во животот. Но, во исто време си помислив: Во ред, тогаш ова е за неа. Она што таа најмногу го посакуваше за мене и сестра ми беше да пораснеме во жени кои можат да го искажат својот став и да имаме можности, особено бидејќи таа и жените од нејзината генерација го немале тоа“, изјави актерката, додавајќи дека мајка ѝ била горда на нејзината актерска кариера.

„Таа беше покрај мене низ сите подеми и падови, низ сето тоа. Нејзината суштина беше движечка сила во текот на мојот живот“, заклучи Кисман за „Џеј-кју“.

фото: instagram/nicolekidman

To top