За неа едни велат ваква е, друг ќе каже – таква е, еднии ја фалат, други се жалат, трети осудуваат, четврти и се восхитувуваат… Сто муабети, особено ако сте познати! Впрочем, како за секого од нас, та бил јавна личност или тотален анонимус, зашто не можеш да им бидеш на сите погоден/а во нивна волја… И не треба! Најважно е да си погоден/а на самиот или самата себе си и оние околу тебе што ти се најблиски!
А ТВ водителката и најпозната македонска инфлуенсерка Миа Костова како вистинска мајка, нема поблиско и посакано нешто од своето родено чедо. Синчето Андрија веќе не е така малечок иако е се’ уште дете… Кое како и секое, без оглед на возраста ќе остана за цел живот дете за својата мајка!
Мајчинската љубов е најголема, единствена и уникатна… И попусто се вели дека посилна емоција не постои, повозвишено чувство од она мајчинското и љубовта која мајката со своето чедо ја споделува! Таа врска е уште посилна и поизразена особено ако си самохрана мајка на мшко чедо, зашто, како што се вели, мајките и синовите се врзани со посебна, невидлива нитка, која е посилна и од најдебелото јаже, најцврстата челична сајла, најкалениот железен синџир. Нитка која можат да ја создадат само човечките гени и никој друг во универзумот.
Токму со таква се поврзани Миа Костова и синот Андрија… И таа врска е толку силна и нераскинлива, што од година во година е се поцврста, а љубовта се посилна… Годините летаат, времето минува, а кај нив години една цела дузина откако се заедно…
„Мами јас и ти, цели 12 години…“, што би рекла Миа и самата во стартот на својата куса, мајчинска беседа, со која ја започнала својата емотивна приказна за љубовта и растењето, за падовите и растежите низ времето откако Миа на овој свет го доносе својот Андрија…
А како што може таа, никој друг не може да ти ги разбуди емоциите… И не умее да те натера да пуштиш солза – радосница како Миа Костова!
„Мами, јас и ти цели 12 години. Кога мама мислеше дека нема излез, твојата насмевка во 5 сабајле полн живот, викаше без да зборуваш ‘мама, сѐ ќе биде ок’ . А мама не веруваше дека може сѐ! А направи сѐ и многу повеќе за да твојата насмевка не престане никогаш. Живели мама, ми враќаш секој ден и знам дека вредеше секое држење во раце до 5 сабајле и времето назад би го вратила само да те држам уште еднаш цела ноќ. Без да се нервирам и без да се прашувам дали некогаш ќе пораснеш. Порасна, денес да ми го носиш куферот и да ми направиш живели. Те сакам“ – споделила Миа во својата куса емотивна мајчинска беседа.
Нешто подоцна и од срце им се заблагодарила на своите пријатели, познати и непознати обожаватели, следбеници… „Фала ви што читате со моето срце и секоја моја емоција ја доживувате како своја“ – споделила благодарната Миа!
Фото: Инстаграм/miandrija