ТВ водителката Елена Стојановска Јанковска е една од македонските најпопуларни личности кои ја сакаат сите генерации.
Таа умешно ја истакнува својата природна харизма пред камерите и важи за една од оние кои на малите екрани внесува нова енергија и шарм благодарение и на нејзиниот физички изглед.
Елена благодарение на нејзиното тело како на вистинска балерина, сфати дека е подотвена да посетува и часови по балет па одлучи да оди и да го направи тоа што го посакувала уште од мали нозе.
Па така, со членовите на балетското студио по доста работа таа се појави во МОБ во завршната претстава „Тајната на кукларот“.
„Заедно со малите и големите балерини настапивме на сцената на МОБ во претставата „Тајната на кукларот“. Се разбира аматерски, но за мене беше преубаво искуство и мала лична победа.
Благодарност до студиото, и за довербата! Се радувам на следната сезона – додаде таа на објавата која ја сподели на социјалната мрежа Инстаграм.
View this post on Instagram
„Браво за љубовта и упорноста“, „Доказ дека ништо и никогаш не е доцна ако се сака, секоја чест“, „Браво“, „Мултиталент си драга Елена“, „Ахх, тој твој романтичен дух“- ја опсипуваа со позитивни коментари нејзините обожаватели.
Нејзината љубов конечно е остварена, а можеби наскоро ќе игра и во Лебедово езеро. Но, како и да е, поради упорноста таа успеа да си оствари една далечна желба од чиј пример може да се инспирираат и останатите.
Секоја чест.
фото: printskrin/isntagram/enna_inna