Радио Милева на младите им се брзаше

Неодамна се свршија, а сега официјално ставија прстени: Кјара на Хелена Роза сега е ѓоспоѓа Пауни (фото)

Неодамна се свршија, а сега официјално ставија прстени: Кјара на Хелена Роза сега е ѓоспоѓа Пауни (фото)

Радост, среќа, здравица и многу емоции За Хелена Роза и нејзиното семејство во Нов Зеланд – нејзината убавица, ќерката Кјара официјално стана мажена жена или госпоѓа Пауни.

Помина само еден месец откако Кјара доби свршенички прстен од долгогодишното момче Стефан Пауни, па младите не сакаа да чекаат да помине време и се станаа маж и жена и пред законот.

Без многу помпа и само пред семејствата, младите ги ставија прстените и си го кажаа судбоносното „да“ пред матичар и склучија граѓански брак.

Моментите од интимната церемонија ги објави невестата, а и гордата мама Хелена која исто така имаше уште еден повод за славење- својот 47-ми роденден.

Инаку,, Кјара и Стефан се во врска речиси откако Хелена и саканиот Игор се преселија во Аукленд, а љубовта меѓу нив се покажа како силна, па стигна и до брак.

Зетот е странец, згодно русокосо момче, а многумина коментираат дека со Кјара се одличен пар.

Хелена ја роди ќерката доста млада, па сега во петтата животна деценија можеби наскоро ќе стане и млада баба.

Честитки!

фото:Inastagram printscreen/ kjaragolja

To top