Мегафон литература

Неле Карајлиќ со промоцијата на книгата „Солунска 28“ (III дел) на штандот на „Арс Ламина“ на Саем на книгата 2024

Неле Карајлиќ со промоцијата на книгата „Солунска 28“ (III дел) на штандот на „Арс Ламина“ на Саем на книгата 2024

Со промоција на третиот дел на книгата „Солунска 28“ на легендарниот музичар и автор д-р Неле Карајлиќ, на 18 април (четврток), издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе го почне своето претставување на 36. Саем на книгата.
На најголемата книжевна манифестација, која се одржува од 18 до 24 април, во арената „Борис Трајковски“, Скопје, „Арс Ламина“ ќе се претстави под слоганот „Влези во бајка“.
Оваа година на посетителите ќе им понуди над 1.000 изданија, попусти до 80 % на најбараните наслови, книги за 60, 100, 150 и 200 денари, како и многу саемски новитети – интернационални бестселери, сликовници и книги за деца. На програмата се промоции на книги, потпишување и дружба со авторите, како и работилници за деца.

Во 18 часот е закажана промоцијата на книгата „Солунска 28“ (III дел) од легендата на популарната екс-ју група „Забрането пушење“ и на култната ТВ-серија „Топ-листа на надреалистите“, д-р Неле Карајлиќ. Ова е четврта книга на Карајлиќ во издание на „Арс Ламина“, по „Фајронт во Сараево“ и првите две продолженија на „Солунска 28“. Промотор на новото издание ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова. По промоцијата ќе следува потпишување на книгата и дружба со авторот.

To top