Радио Милева чекор пред полнолетство

Некст Тајм имаат посебен повод за славење: „Секоја победа има и многу порази, но нашето мото отсекогаш било и ќе биде едно!“ (фото)

Некст Тајм имаат посебен повод за славење: „Секоја победа има и многу порази, но нашето мото отсекогаш било и ќе биде едно!“ (фото)

Дека се предодредени да бидат музичари, знаеја уште од деца, а потоа и тинејџери кои имаа клубски свирки под сосема друго име.

Денес, Марин и Стефан Филиповски или попознати како „Некст Тајм“, братското дуо по кое станаа препознатливи на домашната музичка сцена, имаат голем повод за славење- ден роденден!

Но не оној нивниот личен, туку оној кој на естрадата го градат веќе цели 17 години на чекор пред да станат професионално полнолетни.

Токму по повод годишнината постоење браќата им се обратија на своите фанови и порачаа дека токму тие се нивното главно мото, девиза по која се водат за се’ досега сторено.

-17 години „Next Time“!!!
17 години исполнети со емоција, емоција исполнета со радост. Пробуваме да ставиме секогаш фокус на радоста иако покрај секоја победа има и многу порази, но нашето мото отсекогаш било и ќе биде да уживаме во победата, а да научиме од поразот.
Победата сте секогаш вие, публиката!!!
Вие ни ја давате силата вие ни ја давате мотивацијата и вие ни го давате лебот.
Затоа сме ви благодарни од срце.
Ние даваме и ќе даваме се од себе да ја оправдаме вашата доверба со секоја песна и со секој нов концерт.
Следната година стануваме професионално полнолетни а со полнолетство доаѓа и зрелост, така што веруваме во уште многу години славење песни, музика, концерти и заеднички дружби!!!
Благодарност до сите наши соработници како во бендот така и надвор од него .
Благодарност до сите спонзори и помагатели, вие ни ја олеснувате работата и креативноста!!!
Ви благодариме од 🫶
Ваши
Стефан и Мартин
„Next Time“

Почнаа на мали сцени, некогаш пееја и пред малку публика, но сега веќе гордо можат да се пофалат и гордеат  со прекуокеански и европски турнеи кои посакуваме само да им се редат, а исто и да полат сали надвор и дома на концерти пред своите!

Среќен роденден!

фото:Facebook/ Next Time

To top