Радио Милева инверзија на логиката

Нејзе новогодишната честитка и е „обратна“: Додека во Новата година сите ви посакуваат МНОГУ нешта, само Снеже Велков ви посакува МАЛКУ…!? (ФОТО)

Нејзе новогодишната честитка и е „обратна“: Додека во Новата година сите ви посакуваат МНОГУ нешта, само Снеже Велков ви посакува МАЛКУ…!? (ФОТО)

Дојде и таа, Новата година… Најлудата и највесела ноќ во која ја испративме старата 2024-та, дочекавме 2025-тата и се разбира покрај целата еуфорија, забава и новогодишно „лудило3 најдовме време да си го посакаме она што најмногу ни треба, ни значи, што ни е најголема желба, цел, план, неостварен сон во годината што тукушто започна. Секако и себе си и на оние кои ни се најблиски, најмили, најдраги…

А новогодишните честитки со желби и посакувања од кој тип и да се, како по обичај содржат еден магичен збор – МНОГУ! Многу здравје, многу среќа, многу бериќет, многу љубов, многу пари… И уште многу, многу, други „МНОГУ“ за разни нешта! Тоа колку и да изгледа како некакво клише, полека се вткајува како некаква традиција, како некое непишано правило за грст желби од многу арно да не куртулиме. И ние и нашите најмили и најблиски. И кај никого не е поразлично. Или можеби сепак е?

А, поразлична решила да биде таа, русокосата Снеже Велков. Водителката на забавното ТВ шоу „Нешто конкретно“ во кое на себесвојствен начин ги третира односите меѓу половите во најразлични ситуации и случки!

Зашто додека во Новата година сите ви посакуваат МНОГУ нешта, само Снеже Велков ви посакува МАЛКУ…!? И тоа многу нешта содржани со малку!

Колку ова да ви звучи и изгледа на прв поглед шокантно и парадоксално, откако ќе ја прочитате нејзината јавно обзнанета новогодишна порака до сите нас, ќе  ви стане појасно дека Снеже Велков всушност најгласно, преку она „МАЛКУ“, ви посакува и тоа како „МНОГУ“!  Само ако умеете да ја пофаќате инверзијата на логиката во нејзината новогодишна порака!  И колку да ви се чини дека нејзината логика е обратна, всушност е многу исправна и точна, па затоа би било добро и кај вас во 2025-та да е што поконстантна!

Прочитајте, пробајте, применете, па кој знае… Годинава може многу подобро ќе ви тргне!

А нејзината „обратна“ новогодишна честитка во вид на Инстаграм порака вели вака:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Во Новата година ви посакувам МАЛКУ

Малку повеќе лицемери одјебување.
Малку повеќе “Не” кажување

Малку повеќе  слушање,почитување и со своја глава размислување

Малку повеќе-“Свое гајле берење”!

Малку повеќе воздржување од празно зборување од прејадување,од глумење, пренемагање и критикување!

Малку повеќе сакање,гушкање,галење и пазење!
Малку повеќе од смеење пукнување!

Малку повеќе збор одржување!
Малку повеќе на тоа што имаме фокусирање

Малку повеќе со квалитетни луѓе опкружување
Малку повеќе  токсични односи раскинување

Малку повеќе кретени игнорирање

Малку повеќе” Браво бе” кажување!

Оти секогаш МАЛКУ ни треба за да биде МНОГУ убаво

А јас во оваа година веќе ве сакам, Малку повеќе од лани

БЛЕСКАЈТЕ!

Фото: Инстаграм/velkovsneze

To top