Радио Милева непребол нема

„Недостигаш“ – Македонската пејачка со емотивна порака за колешката Сара (фото)

„Недостигаш“ – Македонската пејачка со емотивна порака за колешката Сара (фото)

Македонската поп пејачка Елена Ристеска – Ера  сподели емотивна фотографија на која позира е заедно со нејзината колешка која трагично го загуби животот во несреќата во Кочани.

Болката која ја предизвика страшниот пожар што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој однесе 63 млади животи е голема и вознемирувачка.

Во несреќата настрадаа и осум членови на ДНК меѓу кои и Сара Пројковска, придружниот вокал на групата.

На Инстаграм сѐ уште   многумина споделуваат емотивни пораки за своите блиски,  чии  животи завршија во страшната несреќа.

Елена Ристеска е една од нив која деновиве сподели  спомен  фотографија со својата колешка Сара.

„Сара, недостигаш“, напиша пејачката Елена под фотографијата.

Инаку, Сара беше самохрана мајка на две деца, а нејзиниот сопруг, џез трубач и професор по труба, Александар Николовски, почина во 2021 година, на 48-годишна возраст.

Сара беше професорка, а како придружен вокал има настапувано со речиси сите пејачи од Македонија.

фото: printscreen/instgaram

To top