Неда Украден изгради луксузна вила, на плац до нејзиното родно место, кај Имотски во Хрватска, а пејачката тој имот го издава.
Имено, пејачката наводно ја изнајмува вилата од 2.377 евра па нагоре, во зависност од тоа колку денови и во кој период од годината е изнајмена, пишува Курир.рс
Според гореспоменатиот портал, туристите кои ќе се одлучат да го поминат одморот во оваа вила мора да платат депозит до 500 евра. Нејзината вила се наоѓа на сајт за изнајмување. Во него пишува дека вилата има пет спални соби, бесплатен приватен паркинг, гаража и бесплатен интернет.
Вилата располага со опремена кујна, дневни соби, тераси, но и машини за перење, микробранови печки, апарати за кафе… Има и бањи, некои со када, а некои со туш.
Вилата има и камин, телевизори во собите и слично. На терасите има лежалки, лулашки, градинарска кујна со скара, а има и мало игралиште за најмладите, базен, џакузи, велнес соба со сауна.
Како што понатаму се наведува, пејачката забранила пушење, забави и домашни миленици во вилата.
Секако, ваквиот луксуз чини пари, а се плаќа однапред.
фото: printscreen